Хрват убеден: “Снимив НЛО, нема да ми се смеете кога ќе видите!”


Еден Загрепчанец е убеден дека на небото над својот град снимил вселенско летало.

“Светлоста трепкаше и полека се движеше на небото. Размислував дали е балон или дрон, а потоа ја зголеми својата брзина и исчезна од хоризонтот”, сведочи Петар Г. од Загреб и додава дека останал шокиран поради големата брзина со која леталото во саботата на 10. јануари прелетало преку небото.

nlo-zagreb-printscreen-02

На снимката која ја пратил во редакцијата на 24sata.hr, се гледа дека објектот лета на висина од 300 метри. Петар бил убеден дека не станува збор за балон или дрон. Авионот не лета на таа висина, па снимката ја однел на работа.

“Им кажав на двајца или тројца колеги дека снимив НЛО, а тие ми се насмеаа. Но, потоа им ја покажав снимката и повеќе не им беше смешно. На крајот никој не можеше да каже за што станува збор”, рекол Петар.

Тој е убеден дека станува збор за вонземјани, но вели дека не се исплашил. Дијаметарот на објектот бил 10-тина метри, а околу себе имал зелени и црвени коцки.

Во хрватската агенција за цивилен авио-сообраќај не знаат ништо за необичната појава во хрватскиот воздушен простор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1