Истрага за голите девојчиња на Фејсбук!


Откако пред неколку дена, српски Блиц ја откри приказната за девојчињата на возраст од 13 и 14 години, кои своите разголени и провокативни фотографии ги објавувале на социјалните мрежи, полицијата под итна постапка го испитала целиот случај.

Директорите на основни училишта, имено, тврделе дека трендот на разменување и објавување разголени фотографии почнал да се шири како епидемија.deca-fbgoli-srb-03

„По итна постапка се собрани сите докази и факти врзани за овој случај и се доставени во обвинителството. Сега е на потег судот, кој ќе ја утврди вината на девојчињата, но и евентуалната одговорност на родителите“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Од Министерството за внатрешни работи наведуваат дека ова е проблем на општеството во целина, но пред сè на родителите чија примарна улога е да ги заштитат своите деца од опасностите кои демнат на интернет

Девојчињата кои на социјалните мрежи стекнуваат популарност со свои разголени фотографиии непримерно однесување, дигнаа голема прашина во општеството. Една од „популарните“ девојчиња го деактивирала својот профил на Фејсбук, додека останатите им порачуваат на медиумите „да пронајдат свој живот и помалку да се занимаваат со нивниот“. Проблемот е тоа што тие се пример за своите пријатели од одделението, па нивното однесување меѓу децата се смета како посакувано. Затоа имаат и по 5.000 следбеници на Фејсбук.

„Целиот материјал кој пристигна во обвинителството ќе биде постепено и внимателно анализиран. Сега е премногу рано да се донесат било какви заклучоци, но внимателно ќе се разгледа дали постојат траги од кривична одговорност. Во секој случај, оваа тема заслужува многу повеќе внимание“, рекол за српски Блиц Бранко Стаменковиќ, обвинител за високотехнолошки (компјутерски) криминал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1