Хрватка завела дедо од Австрија: Го натерала да ја венча, па му приредила пекол


79-годишниот Карл Х. од виенскиот округ Доблинг по смртта на својата жена со која бил во брак 40 години во голф клуб запознал 42-годишна келнерка од Хрватска.3236846-xsmall

Жената му раскажала дека сопругот физички ја малтретирал, па Карл и помогнал да се разведе. По разводот таа почнала да користи трикови со секс и алкохол да го заведе Карл, а кога ја продал својата компанија за 2,8 милиони евра, хрватската келнерка речиси го присилила на брак.

Карл на својата новопечена сопруга и купил Мерцедес Е200 купе, и подарил нови гради и заби, но на жената тоа не и било доволно.

Според приватната тужба, келнерката го намамила својот сопруг Карл да и ги открие лозинките на сефот и картичките и по извесно време исчезнала. Таа му кажла дека ќе оди на пат во Хрватска, но всушност била во Виена каде што подигнала 2,5 милиони евра.

Хрватката на суд се бранела така што изјавила дека станува збор за великодушен подарок од нејзиниот сопруг, но тој набргу ја тужел и сега и се закануваат 10 години затвор.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1