Хрватска испрати воз за прифаќање на бегалците на границата со Србија


Хрватските власти денеска испратија воз со капацитет за илјада патници до границата со Србија, каде од утринава пристигнуваат мигранти.

Возот со 11 вагони тргнал од Загреб во правец кон Винковци, каде треба да пристигне попладнево. На околу 13 километри од Винковци се наоѓа градот Товарник, каде се врши регистрација на мигрантите од страна на хрватската полиција.granicen.jpg-500

Хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остоиќ изјави дека до денеска попладне биле регистрирани 350 бегалци.

Според локалните медиуми, возот ќе ги транспортира мигрантите во прифатен центар во Загреб.

– Хрватска е подготвена да прифати до 1.500 бегалци дневно и ќе бара дозвола за зголемување на капацитетите, доколку бројот на мигрантите се зголеми, изјави Остоиќ.

Хрватска очекува да пристигнат околу 4.000 бегалци во следните денови.

Во исто време, официјален претставник од ЕУ нагласи дека евентуално воспоставување коридор преку Хрватска со цел бегалците да можат да продолжат кон саканите дестинации, би претставувало кршење на европските закони и обврски на земјите-членки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1