Хрватска: Расплакани бебиња лежат врзани за кревет


На социјалните мрежи се рашири фотографија од близнаци стари пет месеци, како расплакани, во урина, лежат врзани за кревет во болница во Загреб. Бебињата, како што раскажува нивната мајка, во моментов се наоѓаат на Клиниката за инфективни болести „Фран Михајлевиќ“, пренесе „Индекс.хр“.

Момчињата се викаат Фран и Филип, а нивната мајка, Ана Трешчец, изјави дека тие биле родени три месеци пред терминот. На Клиниката се наоѓаат бидејќи добиле грип, а потоа и вирус.

Мајката ги посетила во неделата, а таму затекнала ужасна слика. Кога побарала да поразговара со вработените, како што раскажува мајката, медицинската сестра била на кафе.

По споделувањето на фотографиите, хрватското Министерство за здравство соопшти дека ќе испрати инспекција во болницата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1