Општина Дојран отвора прва билбиотека на плажа која ќе почне на 15 јули. Вљубениците во пишаниот збор ќе можат бесплатно да читаат додека се на градската плажа во Дојран и на располагање ќе им бидат голем број книжевни наслови.
– Туризмот во Дојран од година во година се искачува на повисоко ниво. Инвестирањето во инфраструктурата, средувањето на градските но и приватните плажи, подобрување на сместувачките капацитети се дополнителни причини зошто Дојран е веќе полн и е атрактивна туристичка дестинација ова лето. Со проектот ,,Библиотека на плажа”, Општина Дојран вложува во културата и влијае врз зголемувањето на процентот на читатели кај нас, изјави градоначалникот на Дојран Борче Стамов.