И библиотека на плажа во Дојран од 15 јули


Општина Дојран отвора прва билбиотека на плажа која ќе почне на 15 јули.   Вљубениците во пишаниот збор ќе можат бесплатно да читаат додека се на градската плажа во Дојран и на располагање ќе им бидат голем број книжевни наслови.dojran-1728x800_c

– Туризмот во Дојран од година во година се искачува на повисоко ниво. Инвестирањето во инфраструктурата, средувањето на градските но и приватните плажи, подобрување на сместувачките капацитети се дополнителни причини зошто Дојран е веќе полн и е атрактивна туристичка дестинација ова лето. Со проектот ,,Библиотека на плажа”, Општина Дојран вложува во културата и влијае врз зголемувањето на процентот на читатели кај нас, изјави градоначалникот на Дојран Борче Стамов.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1