АПЕЛ: Шетајте ги кучињата со маска, следуваат казни од 100 до 400 евра


Општина Аеродром апелира до граѓаните да ги шетаат своите миленици со маска на устата и да носат кеси за собирање на изметот што тие зад себе го оставаат на јавните површини, со цел да се зачува животната средина, а граѓаните, особено децата, да се чувствуваат безбедно кога ги користат парковите и другите јавни површини.kuce seta

Освен тоа, шетањето на милениците со маска и собирањето на нивниот измет е обврска на граѓаните што произлегува од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Законот за јавна чистота.

Доколку не се почитуваат одредбите од овие два закони следуваат казни во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Општинските комунални служби во придружба на полицијата од денеска, 13.7.2015 година, ќе почнат со засилени патроли низ општината за да утврдат дали се почитува законот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1