Утринските температури од 3 до 14 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 11 односно до 23 степени.
Бранот врнежи кој што започна во вторник, ќе заврши во првата половина од среда и тоа со далеку послаби врнежи. Повремен и релативно слаб дожд се очекува во западниот и северниот регоин од земјава. Попладне облачноста значитенлно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер,објавува Метеопро.
Максималната дневната температура ќе има вредност околу 19°С низ котлините во земјава. Максималната температура ќе има малку поголема вредност долж јужниот тек на Вардар, од 21°С до 23°С.
Во Скопје се очекува променливо време со повремен дожд во првата половина од денот. Попладне ќе има повеќе сончеви периоди. Максималната дневна темературата ќе достигне до 19°С.
Во четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, а во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со врнежи од дожд.
Во петок умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло. Но сепак да напоменеме дека постојат услови за развој на нестабилна облачност која може да услови локални врнежи од дожд.