И кога температурата ќе биде до 16 степени, БЕГ ќе мора да испорачува парно во домовите


И кога надворешната температура преку ден ќе биде до 16 степени целзиусови, БЕГ ќе мора да испорачува парно во домовите. Ова го наложуваат измените со кои се дополнуваат мрежните правила за дистрибуција на топлина и кои предвидуваат зголемување на температурните граници при прекин на работа на топланите.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) која ги одобри ваквите измени, соопшти дека целта е да се зголеми комфорот на потрошувачите приклучени на системот за централно греење кои во услови на пандемија се приморани подолго време да престојуваат во своите домови.

-Со измените кои ги одобривме БЕГ се задолжува во услови кога надворешната температура преку ден стигнува до 16 степени целзиусови да има испорака на топлинска енергија во домовите. Ги повикувам компаниите за зголемена општествена одговорност во состојба на пандемија. Воедно ги информирам потрошувачите дека се разгледува можноста за прекршочна постапка поради непочитување одредби од Законот за енергетика и обврските дефинирани со лиценцата за вршење на енергетската дејност, вели претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски.

Според него, потрошувачите кои се незадоволни од услугата од дистрибутерите на топлинската енергија може да поднесат приговор до РКЕ.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1