И Македонците фаќаат рак од орален секс


298_298_can-oral-sex-cause-cancerАктерот Мајкл Даглас изјави дека ракот на гр­ло го добил како последица од вирус со кој се заразил преку орален секс со жени. Весникот “Гардијан” објави интервју, во кое Даглас го об­ви­ну­ва оралниот секс за страшната болест која му беше дијагностицирана во 2010 го­ди­на. Весникот, исто така, имаше цитирано и лекари што се скеп­тич­ни во врска со неговата изјава.

МАЈКЛ ДАГЛАС: „ДОБИВ РАК НА ГРЛОТО БИДЕЈЌИ ОРАЛНО ЈА ЗАДОВОЛУВАВ ЖЕНАТА!“

Док­тор Мајкл Брејди, специјалист по сексуално здравје и директор на фон­да­ци­ја­та “Теренс Хигинс”, изјави за АП дека оралниот секс можеби иг­рал улога во заболувањето од рак кај Даглас, но оти е тешко прецизно да се каже која била точната причина за болеста.

Тој нагласи дека Даглас пу­шел цигари и пиел алкохол, два фактора кои се најчести причини за до­би­ва­ње рак на усната шуплина.

oral cancer“Чес­то­па­ти има и ред други фактори – генетски, еколошки, вирусни кои, ис­то така, играле улога”, изјави тој. Брејди вели дека има стотици раз­лич­ни типови на вирусот ХПВ и оти во повеќето случаи се безопасни. Ри­зи­кот е толку мал, вели тој, што луѓето не треба премногу да се грижат или да ги менуваат сексуалните навики.
ХПВ е причинител на рак на грлото на матката, но исто така, може да пре­диз­ви­ка и рак на усната шуплина и на грлото, и има сe повеќе вакви слу­чаи. Доктор Кер Арни од Кансер рисрч УК изјави дека секогаш има ризик ко­га луѓето влегуваат во сексуални односи со нови партнери, но додаде оти лекарите не сакаат да ги исплашат луѓето, па да не можат да ужи­ва­ат.

„Вест“ разговараше со Д-р Никола Николовски, директор на Клиниката за уво, нос и грло и со Д-р Александар Лазаревски, оториноларинголог од Клиничка болница “Аџибадем Систина”.

Што велат македонските доктори за болеста на Мајкл Даглас во Македонија можете да прочитате во печатеното и во електронското издание на Вест.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1