И мажите ги мачи климакс


Природен пад на тестостерон, несоница, умор, импотенција, депресија…..ова се дел од симптомите кои ги мачат мажите над 50 години.

За жените е јасно дека влегуваат во менопауза, поради престанок на менструален циклус, додека пак кај мажите доаѓањето на оваа доба се манифестира со намалување на машки полови хормнони (андропауза), намалување на желба за секс, гојазност и пад на енергијата.

„Бидејќи машкиот хормон не е само поврзан со секс, туку е и мотор на физичките и моторни активности, не доаѓа само до слабеење на сексуланите функции, туку се појавува и несоница, умор, слабеење на мускулната маса, депресија“, објаснува проф.др. Саша Мичиќ, директор на Институтот за урологија од Србија.

Битна разлика е тоа што климаксот кај мажите не носи нагли промени како што носи кај жените. Кај некои мажи климаксот се јавува на 50, а кај некои дури на 70 години.

Tags: , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1