22 годишниот Даниш Ирфан ја нашол пораката со содржина „Те сакам“ која неговата 21 годишна сопруга Рида Занаб ја испратила до извесен Роб. Ја почекал да заспие, а потоа со 10 удари со чекан по глава ја усмртил. Рида само два месеци пред да почине го родила првото дете во нивниот брак!
Откако ја убил, ја зел ќерката и ја однел кај мајка му и сестра му кои живееле во истото соседство во Брадфорд, а потоа заминал на аеродром обидувајќи се да побегне во Пакистан. Убиството се случило кон крајот на минатата година.
На судењето кое се одржа деновиве, беше речено дека убиецот го лажел семејството на жртвата дека таа ги напуштила него и нивното дете. Ирфан потоа со лажен пасош успеал да замине за Исламабад, но на некој свој пријател му го признал убиството.
Полицијата го нашла телото на убиената жена. Ирфан бил уапсен во февруари годинава.
Ирфан и Рида биле сосема различни. Таа била родена во Брадфорд, сакала да се забавува, била бунтовник, го живеела западниот начин на живот. Тој пак се преселил во Брадфорд само неколку месеци пред да ја запознае и не ги делел нејзините интересирања и желби.
– Семејството на Рида не сакаше таа да се гледа со Ирфан. Затоа ја држеа врската во тајност. Нејзиното семејство не знаеше дека се заедно се додека не ги поканија на свадба – рече обвинителот Џонатан Шарп.
– Според нејзиното семејство, Ирфан и претходно еднаш се обидел да ја задуши нивната ќерка. Кога стапиле во брак станал посесивен и болно љубоморен и не и дозволувал да контактира ниту со пријатели ниту со роднини – вели Шарп.
Само два месеци откако ја родила ќерката, Рида не можела да го издржи животот со Ирфан и му најавила дека ќе го напушти. Кога тој видел дека му испратила порака на друг маж, го зел чеканот со кој претходно во моменти на бес кршел по дома, 10 пати ја удрил сопругата по глава додека таа спиела и ја оставил на место мртва.
Судењето продолжува.