И официјално најмрзелив народ се Британците, Малтежаните и Србите


Седечкиот начин на живот е во пораст во светот. Според научниците од физичка неактивност секоја година умираат околу пет милиони луѓе, ова го објави  британскиот медицински магазин „Лансет“ во истражувањето објавено денеска.

Според истражувањето 3 нации во Европа се најмрзеливи, односно две третини од возрасните немаат речиси никаква физичка активност. На листата најмрзеливи се најдоа и Србија и Малта.

63 насто од Британците не се бави доволно со физичка активност. Малтежаните 71,9 насто, а Србите 68,3 насто.

Најактивни се Грците, Естонците и Холанѓаните.

Лекарите велат секој ден е потребна минимум 30 минути умерена физичка активност. Се проценува дека физичката неактивност е причина за седум проценти од случаите на дијабетес 2 и 10 проценти од случаите на рак на дојката и дебелото црево.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1