Олександр Башкаленко бил именуван за регионален гувернер од претседателот Јанукович лично, а демонстрантите практично го симнале од власт неколку часа откако Јанукович договорил примирје со опозиционите лидери и прогласил ден на жалост во Украина поради крвавите немири во кои загинале најмалку 26 лица.
Неколку илјади демонстранти во Лутск ги кршеле прозорите и фрлале молотови коктели кон владината зграда, вклучувајќи го и седиштето на полицијата во тој град.
Башкаленко се обидел да разговара со нив. “Денес лично и дадов наредба на полицијата да излезе, влеговте и тука немаше никој, влеговте без проблеми.”, им кажал на демонстрантите.
Демонстрантите ја опседнале зградата на полицијата цел еден час пред полицајците да се предадат.
Башлаленко бил насилно изведен пред зградата и врзан со лисици за метален столб. Демонстрантите се обиделе да го натераат да потпише оставка.
Точка.ком.мк