Комуникациските апликации како viber, whatsupp, skype, кои како ширум светот така и кај нас се користат за испраќање на пораки, а некои се забораваат и во долгите разговори без да ги бројат минутите, не се регулирани.
Станува збор за апликации кои го земаат приходот на текомуникацискиот сектор, а не нудат квалитет, пренесува Алфа.
Тие го користат автопатот што го изградиле телекомуникациските компании и што повеќе корисници ги користат тие апликации, тој телекомуникациски коридор треба да се надградува.Затоа телекомуникацискиот сектор ширум светот бара да се регулира овој проблем, кој е предмет на дискусија на светско ниво. За ова ќе се разговара и на 3-та по ред меѓународна регулаторна конференција што во организација на АЕК се одржува во Охрид.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски изрази очекување дека на конференцијата ќе се дискутира и за проблематиката со комуникациските апликации како „Viber“, „Whatsupp“, „Skype“, што се под чадорот на телекомуникациите, а не се регулирани. Станува збор за апликации кои го земаат приходот на телекомуникацискиот сектор, а тоа е предмет на дискусија на светско ниво.
– Тие компании наплаќаат за услугите, а најчесто тоа што го наплаќаат не е на задоволителен квалитет. Тие практично го користат автопатот што го изградиле телекомуникациските компании и што повече корисници ги користат тие апликации, тоа бара дополнително одржување и надградување на тој автопат, рече Ивановски.