И ВМРО ДПМНЕ е против екс градоначалникот кој згази човек да е нов директор на Пошта


ВМРО-ДПМНЕ изразува сериозно несогласување со одлуката Миодраг Јовановиќ да биде поставен за в.д. Раководител на Пошта Куманово, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

VMRO„ВМРО-ДПМНЕ во рамките на законските и институционални можности ќе покрене иницијатива за негова смена од раководна позиција. Иако станува збор за позиција која ја извршувал пред да стане градоначалник, лицето Миодраг Јовановиќ во овој момент, според сите етички норми, не треба да ја извршува истата функција”, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, откако во недела на прес конференција портпаролот на опозициската СДСМ Петре Шилегов ја обвини партијата на власт за скандалозно именување на Јовановиќ на директорското место во Поштата во Куманово.

„ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија која во овие дваесетина години покажа капацитет за кадровска обновливост и партија која постојано ја испитува спремноста на кадрите да ги извршуваат своите обврски. Таквиот принцип се надеваме дека ќе биде прифатлив и за партиите од нашата коалиција и за сите останати партии во Република Македонија.”, се вели во реакцијата

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1