Наспроти многуте забелешки од граѓаните за прекумерната бука што ја создаваат верските објекти, ниту една верска заедница досега не е казнета од овластените општински инспектори за животна средина. Kазните од неколку стотици евра и не можеа да се изречат, бидејќи досега во Министерство за животна средина и не стасале пријави против некоја од верските заедници чија црква или џамија создавале преголема бучава, пишува Дневник
Инаку, според македонските законски решенија, дозволеното ниво на бука во урбани средини изнесува 55 децибели. Истовремено, најголемиот број општини во земјава имаат склучено договори со фирми што ги имаат овластувањата да го мерат нивото на буката што ја создаваат одредени извори. Исламската верска заедница во земјава неодамна реагираш против барањето на невладината организација „Илоја“ од употреба да се повлечат звучниците што се користат во џамиите. Ваквото барање беше аргументирано со тоа дека согласно исламските начела, повикот за молитва треба да се прави со обичен глас на свештеникот, а не преку електричен разглас. Од ИВЗ одговорија дека досега никогаш не добиле забелешки од верниците оти им пречи повикот за молитвите.
– Ако во мојот дом пуштам музика во пет часот изутрина полицијата веднаш ќе дојде и ќе ме казни затоа што ги нарушувам јавниот ред и мир. А што кога мене оџата во тоа време ми го нарушува сонот – реагира еден читател на „Дневник“ во својот коментар испратен деновиве до нашата редакција.
Прашањето за преголемата бучава што ја создаваат верските објекти се актуализира деновиве, откако во косовското собрание првата фаза на усвојувањето ја помина законското решение што ја санкционира. Според решението, и религиозните објекти се наброени меѓу изворите што можат да им го нарушуваат мирот на граѓаните. Ова е практично прв случај со кој во една земја верските објекти се посочуваат како извори на прегласна врева.
Целата сторија на – Дневник
Немаме ништо против верата и молитвите, но проверете ги децибелите – од џамиите не се спие
Божиновска: Никој нема право да ги малтретира граѓаните, па ниту џамиите
Ќе се штитат од врева – Нема да има звучници на џамиите во Косово, со закон се забрануваат