Божиновска: Никој нема право да ги малтретира граѓаните, па ниту џамиите


Повеќе од дваесет жалби дневно пристигнуваат во Комисијата за верски заедници од граѓани што се револтирани од прегласните молитви што се слушаат од скопските џамии.

minaret zvucniciВалентина Божиновска, претседателка на Комисијата, потврди дека невладината организација „Илоја“ им доставила иницијатива со која бара да се реши проблемот со прегласните звучници на џамиите. Според неа, никој нема право да ги малтретира граѓаните, па ниту џамиите, пренесува Мкд.мк.

„Имате болни граѓани, стари и премалени лица, на кои им треба мир и тишина. Звучниците на џамиите им го одземаат тоа право. А особено што ниту здравите лица не заслужуваат некој да ги вознемирува на таков начин, пуштајќи молитви на звучници, и тоа неколкупати во текот на денот, почнувајќи од самите мугри. Се надевам дека овој проблем ќе биде решен за многу кратко време“, изјави Божиновска.

Инаку, деновиве проблемот го актуализираше невладината организација „Илоја“ нејзиниот претседател Мустафа Саити изјави дека станува збор за исклучиво граѓанска иницијатива, која е насочена кон интересот на граѓаните што имаат проблем со прегласните џамии.

Мкд.мк

Индонезија преплавена од многу поплаки за гласноста на џамиите превзема акција за справување со проблемот

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1