И во Македонија ќе се прави трансплантација на црн дроб од донатор – познат хирург доаѓа


За две недели во Скопје ќе пристигне проф. д-р Оливер Боилор – врвниот хирург за трансплантација на црн дроб од Центарот за трансплантација во Лион.
g_fzom Улогата на проф. д-р Оливер Боилор во Македонија ќе биде во насока на започнување и развој на трансплантацијата на црн дроб од жив дарител во соодветните јавни здравствени установи, увид во состојбата на капацитетите и кадарот за трансплантација на црн дроб, но пред се и најзначајно, ова ќе биде добра подготовка за идните тимови кои ќе вршат трансплантација на црн дроб од жив дарител или кадавер.
Професорот веќе има работено на вакви проекти во други држави и со голем успех го воспоставил и развил овој тип на здравствена услуга. Агенцијата за биомедицина е расположена да ни даде подршка за развој на софтверско решение за креирање на листа на чекање за пациенти на кои им е потребна трансплантација на ткива и органи во Македонија.
Досега во Македонија успешно се врши трансплантација на бубрези од жив дарител, а во иднина, преку оваа соработка ќе може да се врши и трансплантација на бубрези за пациентите кои се на дијализа а се инсулино-зависни(дијабетичари) на кои им е потребно и транплантирање на панкреас.
Нетпрес
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1