И во Македонија – оние кои ќе одат во туѓи војни ќе добијат затворски казни


Со новиот предлог-закон кој го усвои Владата на вчерашната седница, предвидени се затворски казни за учество во странски војски, паравоени формации, параполициски формации и полиција.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска  истакна дека новите измени во законот кои ќе бидат доставени до Собранието се во насока на јакнење на системот и националната безбедност како и во борбата против глобалните закани особено тероризмот.

borci sirija -Одговарајќи на предизвиците со кои се соочуваме одлучивме да усвоиме предлог закон за измена и дополнување на кривичниот закон кој ќе се однесува на доуредување на оваа проблематика односно допрецизирање на кривичното дело кое се однесува на учество во странска војска, полиција паравоени и параполициски формации, истакна Јанкулоска.

-тој што спротивно на закон ќе создава, организира, регрутира, превезува или организира превоз опремува или обучува или на друг начин подготвува лице или група за учество во странска војска,  полиција, паравоена и параполициска формација да биде казнет со казна затвор од најмалку 5 години

казна затвор од најмалку 5 години се предвидува за оној што директно или индиректно ќе нуди, ќе дава, обезбедува, бара, собира или прикрива финансиски средства, фондови, материјални средства или опрема што ќе бидат наменети за извршување на кривични дела од ваков тип

-санкционирање на државјаните на Република Макеоднија кои спротивно на закон ќе учествуваат или ќе се обучуваат од страна на странска војска, полиција, паравоена и параполициска формација, организираните групи кои надвор од територијата на Македонија ќе учествуваат во вакви активности ќе се соочат со затворска казна од најмалку 4 години

sirija-тој што спротивно на законот, на собир, преку пишан текст, со аудиовизуелни снимки, преку социјални мрежи или со било кој друг облик на комуникација ќе повикува со ширење или ставање на било кој друг начин на располагање на јавноста на вакви пораки или на овој начин ќе врбува или поттикнува лица да ги извршуваат погоренаведените кривични дела, да биде казнет со казна затвор од најмалку 4 години

Со закон ќе биде казниво помагањето и обидот за овие дела.

Јанкулоска потенцираше дека кривичниот законик допрецизира дека за ова дело нема да бидат казнети лицата кои имаат државјанство на државата во чии регуларни воени или полициски формации учествуваат или учествуваат во меѓународно признати мисиии или мисии на меѓународни оранизации.

Министерката за внатрешни работи посочи дека со ова целосно се заокружува законската регулатива и на службите надлежни за националната безбедност на располагање им се ставаат многу посоодветни и помоќни алатки за борба против глобалните закани против безбедноста, посебно во делот за борбата против тероризмот.

Со ова, потенцираше Јанкулоска, Македонија застанува во редот на држави кои јасно и недвосмислено испраќаат порака до сите оние кои размислуваат за учество во вакви паравоени и параполициски формации дека секое вакво дејствување ќе биде санкционирано со затворски казни

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1