Затвор и условна казна за насилниците кои го демолираа „Њу Орлеанс“ во Скопска чаршија


Основен суд Скопје 1- Скопје, денеска им изрече осудителни пресуди на О.Б. и Б.И.- двајцата обвинети за делото „насилство“ во врска со настанот што неодамна се случи во кафулето „Њу Орлеанс“ во Старата скопска чаршија.

dvajcaa-500Како што се наведува во соопштението од Судот, на денешната главна, јавна и усна расправа од страна на судија поединец, на обвинетиот Б.И. му е изречена алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во рок од 2 години која нема да се изврши доколку во рок од 5 години, по правосилноста на пресудата, обвинетиот не стори ново кривично дело.

На обвинетиот О.Б. му е изречена казна затвор во траење од една година, за делото „насилство“, член 386 став 3 в.в. со став 1, од КЗ со примена на член 26 од Правилникот за начинот на одмерување на казните, од причина што обвинетиот е досега осудуван за истородно кривично дело, на кој веќе му била изречена условна осуда која очигледно не влијаела воспитно поправно врз обвинетиот во иднина да не се јавува како сторител на вакви и слични кривични дела.

– За двајцата обвинети, судот го имаше предвид  досегашното извршување на овој вид кривични дела, како и зачестената појава која придонесува до нарушување на јавниот ред и мир, а со тоа и на сигурноста и безбедноста на граѓаните на Македонија, што предизвикува страв меѓу граѓаните, особено кога кривичното дело се врши во група, се вели во соопштението од Основен суд Скопје 1- Скопје.

Со оглед на тоа што кон обвинетиот О.Б. веќе била определена мерка притвор, судот изрекувајќи казна затвор, а имајќи предвид дека притворот е определен кога е во прашање кривично дело против јавниот ред, во овој стадиум на постапката судот, се наведува, одлучи да ја продолжи мерката притвор до правосилноста на одлуката, односно најдолго до 60 дена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1