И во Македонија повлечена е од продажба канцерогената штрудла од Србија


Штрудлата на српскиот производител „Житопрерада“ е повлечена од промет. Агенцијата за храна и ветеринарство донесе ваква превентивна мерка по информација за повлекување на небезбеден производ – штрудла со фил од смокви во Република Словенија, поради присуство на микотоксин охратоксин А над максимално дозволените концентрации. На македонскиот пазар штрудлата ја увезува компанијата „Оз- Ту компани“ од Скопје, пренесува Миа.

strudli– Оваа компанија во изминатите шест месеци, во земјава увезла пет пратки со производи со мешовит состав (кекси, вафли, штрудли со различен вид на полнење). Од страна на инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство при увозот земени се четири мостри, за кои по извршените лабораториски анализи е потврдено дека се негативни, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

До добивање официјално известување од српското Министерство за земјоделство, за бројот на контаминираната серија (лот), Агенцијата за храна и ветеринарство и изрече и забрана за компанијата увозник за ставање во промет на количините кои се наоѓаат во магацините.

Подетални информации за количеството увезени и повлечени количини од спорниот производ Агенцијата најави до крајот на денот.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1