И во Македонија уцени: Пари или на Youtube – скопјанец се соблекол преку скајп сега е уценуван


Дваесет и осумгодишниот В.Д. од скопско, кој времено престојувал во Тетово, вчера пријавил уцена од две непознати лица.pornografija1

Пред една недела, преку социјалните мрежи тој се запознал со женско лице, со кое повеќе пати контактирал и преку видео врска размениле, односно споделиле неколку материјали и фотографии, на кои и двајцата биле без облека. По извесно време, во видео-контактот се појавило, односно вклучило и непознато машко лице, кое заедно со женското од него побарале 75 илјади долари за да не ги објават компромитирачките, контраверзни материјали и фотографии преку „Ју Тјуб“, информираат од тетовската полиција.

Се работи на расветлување на сите поединости поврзани со пријавеното и на откривање на уценувачите.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1