ИД и се заканува на Велика Британија – објави снимка со егзекуција на пет лица


Исламска држава и се закани денеска на Велика Британија со објавување нова видео-снимка, на која се гледа погубувањето на „петмина шпиони“, кои како што тврдат џихадистите, работеле за меѓународната коалиција, која се бори против оваа екстремистичка организација во Ирак и Сирија. isis terorizam.jpg-500

Видео-снимката е објавена на американски портал специјализиран за исламистички сајтови и на неа се гледаат петмина мажи од Рака, кои џихадистите го сметаат за главен град на својот калифат, кои признале дека се шпиони.

Засега не е јасно од кои земји се жртвите, ниту за кого наводно шпионирале, а еден од нив ја споменал меѓународната коалиција, предводена од САД, која се бори против ИД во Ирак и Сирија.

На снимката се гледаат петмина мажи како клечат додека над нив стојат петмина маскирани борци вооружени со пиштоли.

Лондон соопшти дека знае за таа видеоснимка и оти ја испитува нејзината содржина.

Еден од борците на ИД на снимката на англиски јазик упатува порака до британскиот премиер Дејвид Камерон, кого го нарекува имбецил.

– Ова е порака за Дејвид Камерон. Неверојатно е дека денеска се најдовме во ситуација еден безначаен лидер, како што си ти да ја оспорува моќта на ИД.  Само имбецил би се осудил да покрене војна против земја со која владее Алах и каде луѓето живеат според правдата на шеријатот, рече џихадистот.

– Борците на ИД продолжуваат со џихадот и еден ден ќе ја нападнат вашата земја, каде ќе владее шеријатот, додаде тој.

Петмината заробеници се убиени со испукување куршум во главата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1