Идентификувано телото – се работи за Французинката Валери – се обесила на дрво


valeri11Телото на Французинката Валери Бара Незироски, по која веќе два месеци се трагаше, е пронајдено обесено на дрво во Кичево.

Полицијата информира дека телото на Валери е пронајдено вчера околу 18,45 часот кај местото Крушица обесено на дрво во фаза на распаѓање.

Полицијата веднаш го информирала сопругот на Французинката, кој го идентификувал телото по предметите, облеката и конституцијата.

Телото на починатата жена е предадено за обдукција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1