Херсон Лопез де Леон (18) од Гватемала убиен е откако провалил во куќа ловејќи Покемон.
Во него било пукано и ова е прва несреќа која е предизвикана од светски познатата игра, иако Покемоните предизвикуваат многу проблеми насекаде низ планетава.
Така, спасувачките екипи од Марина Лејк во Њу Брајтон се повикани да спасат група од 20 тинејџери кои ловејќи Покемони отпловиле на сред езерото.
На двајца во Флорида е пукано кога сопственикот на куќата помислил дека се разбојници.
Многу институции веќе им забранија на своите вработени да играат Покемон. Индонезија и забрани на полицијата и на војската да играат Покемон додека се на работното место, со оглед дека апликацијата како што соопштија, претставува закана за безбедноста