Икона што плаче го крена Прилеп на нозе – верниците се молат на новото велигденско чудо (Видео)


Свети Никодин Тисмански Прилепски икона која долго се чувала во олтарот во прилепскиот храм Свето Благовештение деновиве пред големиот христијански празник воскресението на Исус Христос,почнала да мироточи.

Оваа божја волја ја забележале свештениците кои служат во оваа црква изградена во 1838 година. И сега од олтарот е пренесена во централниот дел на овој божји храм.prilep-222222.jpg-500

Иконата на Свети Никодин Тисмански Прилепски е копија на оригиналната што ја изработил монах- испосник кој бил дел од  монашкото братство во манастирот Преображение над селото Зрзе.

Капките кои можат да се забележат на иконата,а за кои свештенството тврди дека од поодамна мироточи,  на почетокот биле мали, деновиве тие се зголемуваат, а верници од Прилеп и од други градови во Македонија веќе се поклонуваат пред иконата и се молат за здравје и спасение.

Пред христовото воскресение митрополит преспанско – пелагониски господин Петар,за Канал 5 потврди дека солзите на Свети Никодин Тисмански Прилепски е чудо божјо кое е пред верниците е обелоденето на свето благовештение. Но, дека ќе треба да се почека ако мироточението продолжи тогаш оваа икона ќе биде прогласена за чудотворна.

Канал5.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1