Или рисивер или старите телевизори во канта


Од идниот месец постарите модели на телевизори ќе бидат надвор од функција. Без соодветен рисивер, „сет топ бокс“, сопствениците на приемници произведени пред повеќе од десетина-петнаесет години, кои сигналот го добиваат со земна антена, нема да можат да ги гледаат телевизиите кои ќе емитуваат дигитален сигнал.

tv star Нивната бројка, според процените на Советот за радиодифузија не надминува 50.000 корисници. Тие ќе треба да инвестираат во нов рисивер, кој ќе го трансформира дигиталниот сигнал и ќе им овозможи и натаму да ги користат старите телевизори. Цените се движат од 1.000 денари, во зависност на моделот.

„сет топ бокс“ можат да го купат во секоја продавница за техничка опрема. Цените се движат од 1.000 денари, во зависност на моделот.

Од друга страна, префрлањето на дигитална платформа, која од 1 јуни ќе ја спроведе новиот дигитален оператор „Оне“, нема да им создаде проблеми на најголем број граѓани, кои се приклучени на „Макс ТВ“, „Бум“ или кабелска телевизија. Се работи за над 80 проценти од 500.000 граѓани и фирми што плаќаат радиодифузна такса. Тие без дополнителни трошоци или технички приспособувања ќе можат и во иднина да ги следат сите телевизии кои ќе емитуваат дигитален сигнал. Потреба од рисивер нема да имаат ниту домаќинствата кои гледаат телевизија со земна антена, но кои имаат понов приемник. Од јуни ќе можат да продолжат да гледаат телевизија на истиот начин, само со подобар квалитет.

Повеќе на – Утрински Весник 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1