Илјадници неактивни сметки „спијат“ во швајцарските банки повеќе од половина век, од што корист можат да имаат само банките. Швајцарските банки откриле илјадници отворени сметки пред 1955 година, кои од тогаш воопшто не се активни, пренесува германскиот весник Велт ам Зонтаг.
Истрагата на швајцарската Асоцијација на банки покажала дека ниту временски, ниту географски овие сметки не се поврзани со национал-социјализмот во Германија. Според нив се работи за швајцарски и странски клиенти.
Овие сметки излегле на виделина по усвојувањето на новиот закон, кој ги обврзува банките да направат анкета за сметките на кои нема активност подолго од 50 години.
„Банките сега можат да побараат право на преземање на тие суми на пари, кои не се подигани повеќе од половина века, инаку би завршиле во рацете на државата“, објаснил портпаролот на Асоцијацијата.