Им подметнуваат хомосексуалност на децата – продавале игра заведи го љубовникот од ист пол


Најголемиот малопродажбен синџир за детски играчки „Kатјуша“ е обвинет промовирање на хомосексуалноста, поради продажба на игри за деца со непристоен карактер, пренесува РИА Новости. Сепак, продавницата се извлече без казна и помина само со опомена.

Станува збор за , кој има 32 продавници во Јужниот и во Централниот федерален округ на Русија.

detska gej igraОд продавниците на синџирот „Kатјуша“,  била купена друштвената детска игра „Фанти“ за деца од 12-годишна возраст со, според нив, непристојни содржини. Правниот застапник на граѓанското здружение Kомисија на родителите на Ставропол, Александар Џамбатов, изјавил дека во игрите се понудени прикази на љубовници од ист пол, кој треба да го заведе другиот учесник во играта и да преземе улога во еротски филм.

– Механизмот содржан во оваа игра може да има негативно влијание врз психосексуалниот развој на личноста на тинејџер. Многу е веројатно дека може да дојде до нарушување на родовиот идентитет со утврдување на аномалните стереотипи на сексуално однесување – се посолува во заклучокот на експертите што го прифатил обвинителството.

Во јуни 2013 година пратениците во рускиот парламент изгласаа закон според кој се казнува секое ширење на хомосексуалната пропаганда пред малолетни лица, што наиде на осуда од невладините организации. Во советскиот период хомосексуалноста се казнуваше како кривично дело, с` до 1993 година, а од 1999 година се смета за ментално заболување. Според испитувањата на јавното мнение на институтот „Втсиом“, кон крајот на минатата година 88 отсто од Русите ја поддржуваат забраната за промовирање и ширење на хомосексуалноста, а 54 отсто сметаат дека хомосексуалноста треба да се казнува.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1