Родителите на нероденото бебе со две лица и два мозока не сакаат да ги послушаат советите на лекарите за абортусот.
Како што пренесуваат странските медиуми, Рене Млади и Хови Симон од Сиднеј се шокирале кога на рутински ултразвучен пеглед е откриено дека нивните близнаци всушност е едно бебе но со голема абнормалност. Две лица и два мозоци во еден череп.
Три- димензионалните слики покажале две нозе, две раце и едно тело со витални органи и силно срце. Сепак , бебето има две лица во еден череп и два мозока поврзани со мозочното стебло.
– Шокиран, збунет, од се помалку … не знам како да го прифатиме тоа што ни го кажуваат лекарите, изјавил Хови.
Ретко дуплирање познато како краниофацијална хиперхидроза или diprosopus е многу ретка болест . Во историјата имало само 35 вакви случаи. Никој денес не е жив .
Мајката која има ревматоиден артритис била во 15-тата недела од бременоста кога ја дознала шокантната вест. Таа и сопругот со кој веќе имаат 7 деца, воопшто не размислувале за абортус. Одлучиле на бебето да му ја дадат шансата за живот.
– Тоа ќе биде како да се има дете со Даунов синдром или аутизам. Јас не верувам во абортус ако детето е здраво и расте добро, вели таткото Хови. Но лекарите не се согласуваат со нивната одлука.
Ги поттикнуваат за прекин на бременоста бидејќи околината ќе гледа на детето како на чудовиште. Но родителите не се загрижени за тоа. Велат дека со заедницата се поврзани само преку училиштето наменети за деца. Имаат силни семејни вредности. Лекарот Грег Кесби видел неколку сијамски близнаци во неговата кариера , но никогаш таков случај. За жал , не е премногу оптимист кога станува збор за опстанок , а и ако преживее третманот ќе биде исклучително скап.
Семејството што живее во четворособна куќа од социјална помош, велат дека ќе гопреминат тој мост кога ќе дојдат до него.
Последниот сличен случај беше 2008. година. Девојката живеела само два месеци.