Има 27 години но поради СОЛАРИУМ нема да си ги гледа ќеркичките како растат


Луис Кук од Велика Британија има само 27 години, но таа нема да го доживее растењето на своите три ќерки, Самер (6), Мејсон (4) и Клои, која што има само 18 месеци. А за тоа е виновен солариумот.

На ова мајка ѝ преостануваат сè на сè, само уште неколку недели живот. Пречестите посети на солариумот предизвикале рак на кожата кој што ѝ бил дијагностициран додека била во 10-та недела од бременоста, со своето трето дете.luiz-kuk-solarium-tumor-mozok-03

Луиз побарала лекарска помош кога забележала невообичаен младеж на грбот кој што ѝ предизвикувал чешање и крварел. Тестовите покажале дека младежот е канцероген.

Преку оперативен пат младежот ѝ бил отстранет, но шест недели подоцна таа открила грутка на вратот. Таа успеала до крај да ја износи бременоста и да роди здраво бебе, но малата Клои била родена предвремено.

Сепак, иако делувало како терапиите да даваат резултат, се испоставило дека Луиз има два тумора на мозокот и дека сега е веќе во четвртиот стадиум, кога лечењето повеќе не е возможно. На Луиз ѝ преостануваат уште само неколку недели, односно три месеци живот, но лекарите тврдат дека за нејзината лоша состојба е виновен токму солариумот.

– Бев сосема млада и наивна, и за тоа ќе платам со својот живот. Сепак, додека сум тука, не му дозволувам на канцерот да ги дефинира нашите животи, вели Луиз.Screenshot_91

Нејзиниот партнер Мартин се вратил од Авганистан како би бил покрај неа. Семејството и пријателите се исто така голема поддршка за Луис. Тие дури одлучиле и да ѝ исполнат една нејзина голема желба.

Нејзиниот сон е да ги одведе децата во центарот “Parcs” на последниот семеен годишен одмор. Бидејќи семејството Кук нема доволно пари за такво нешто, нејзината најдобра пријателка отворила и страница на која што ги собира потребните сретства за Луиз своите последни денови да може да ги мине онака како што сака.

Точка.ком.мк

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1