Има 39 жени и 94 деца и подготвен повторно да се жени


Сите 167 членови на семејството на Зион Чан живеат во четирикатница со 100 соби, а 66-годишниот Индиец не планира да прекине во ширење на семејното стебло. Чан моментално има 39 жени, 94 деца и 33 внучиња.familybig

Чан кој живее во изолирано село на границата со Бурма и Бангладеш, во секој момент има покрај себе барем седум жени, а една година успеал да се ожени со десет жени.

– Дури и денес сум подготвен да го ширам семејството и подготвен сум да се женам, рече Чан

Неговите жени ја делат спалната соба, додека синовите со нивните жени имаат посебни простории. Сопругите ја водат кујната, ќерките се задолжени за хигиена, а мажите за земјоделство и сточарство.2familybig

– Се чувствувам како Бог. Имам толку луѓе за кои се грижам и се сметам за многу среќен човек, рече Чан.

Зион Чан предводи локална христијанска секта која одобрува полигамија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1