Има ли Грција територијални претензии кон Македонија ?


Ако на неодамнешната изјава на еден грчки министер дека жали што неговите предци не ја “ослободиле” и Гевгелија се додаде планираната посета на грчката дијаспора на Битола и тоа по повод 100 годишнината од Букурешкиот договoр, а посетата е организирана и од грчките државни институции, се чини дека иредентизмот насочен кон Македонија е се по присутен во изјавите и потезите на грчката страна. Како што јавува дописникот на МРТ од Атина, истовремено, солунскиот митрополит Антимос за наводен иредентизам сепак ја обвинува Македонија, јавува дописникот на МТВ од Атина.

greece_fyrom_flags26Веќе вообичаено Антимос неделната литургија ја претвори во политички говор, па верниците наместо за Бога овој пат многу повеќе слушаа за писмото со кое македонскиот премиер Никола Груевски го покани грчкиот колега Антонис Смарас на средба и суштински разговори.

Откако на среде литургија извади исечок од дневен весник, за прецизно да ги запознае верниците со деталите од понудата на македонскиот премиер, солунскиот митрополит почна да раскажува како тоа што Република Македонија сакала да се нарекува Република Македонија наводно било игнорирање на историјата.

Застанат до иконата на Исус Христос, Антимос изрази зачудување како името Македонија ни било поважно од наводниот економски напредок што само Грците, ЕУ и НАТО можеле да ни го обезбедат.

“Тие живеат надвор од ЕУ и НАТО и далеку од нас, а ние сме главните фактори што можат да ја осигураат нивната економија преку пристаништето во Солун, а тие сеуште инсистираат на тоа дека го сакаат името Македонија и дека тие се Македонци ”, констатираше Антимос.

getImageThumbnail.axdЗа него било недозволиво нашето име и воопшто да го содржи зборот Македонија, а наводно забранети требало да бидат и сите деривати што произлегувале од името.

Според Антимос, Македонија наводно имала очигледни намери од “Скопје” да креира Егејска држава од Прeспа преку Лерин до Солун. На мета на Антимос се најде и медијаторот Метју Нимиц.

“ Митрополитот дипломатски изрази сомнеж во однос на позициите на господинот Нимиц за овој проблем, бидејќи тој најверојатно не ја фаворизира Грција што е еднострано и неправедно”, јавуваат грчките медиуми.

Грчките медиуми известуваат дека “патриотскиот” говор на Антимос за давање отпор на наводните планови на Македонија заврши со аплауз од страна на верниците. Откако македонскиот премиер Никола Груевски испрати покана до Самарас за која што официјална Атина сеуште молчи, јужниот сосед по принципот нападот е најдобра одбрана, ги интензивира обвинувањата насочени кон Македонија.

Непосредно по добивањето на писмото, серијата обвинувања ја почна грчкиот премиер Самарас којшто од партиска конвенција порача дека сме морале да се откажеме од наводниот иредентизам и да сме прифателе едно име за вкупна употреба.

По него се јавија и неонацистите од Златна Зора со порака дека наводно Македонија била една и грчка, а неколку дена по нив, со идентична порака настапи и министерот на таканареченото Министерство за Македонија и Тракија.

МТВ

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1