МАКЕДОНСКИ ДОМАШЕН ПИНЏУР – има ли нешто послатко?


МАКЕДОНСКИ ПИНЏУР

pindjur

Ништо поубаво од домашниот пинџур. Овој рецепт ми е од старинските, со мала измена, има можност за замрзнување и е одличен и потоа, ист како пресниот…

Потребно ви е модри патлиџани, пиперки, домати, а количество, токму по овој редослед, од најмногу, до најмалку- доматите.

1. Испечете ги во рерна, а ако имате услови надвор, уште поубаво…

2. Потоа за да се лупат полесно, ги ставате во кеси, па излупени во посебни цедници, да одстојат подолго…

pindjur1

Нема потреба од толчење, само ги вртите со дрвена лажица во круг, неколку пати дури не станат како конци…

3. После убавото цедење, спојте ги заедно и исто измешајте ги во круг…

4. И сега, во ова фаза, може да си направите кесички за замрзнувачот, исто како што смрзнуваме мелено месо да речеме, сплоснато.

Кога ќе си направите мала зимница, редно е да си го довршите пресниот пинџур, но истото што ќе го правите понатаму, го правите и кога ќе одмрзнете кесичка со пинџур…

5. Свртете го неколку пати на малку врел зејтин кога е одмрзнат, а ако има вода, исцедете ја претходно..

pindjur2

6. Сега загрејте повеќе зејтин и попарете го пинџурот…

7. Толчен лук со сол и зејтин, толчени ореви додавате и пред зејтинот и малку по зејтинот, а на крај магданос…

За гурманите, обавезно и лути пиперки и тоа оган лути и повеќе врел зејтин…

Некои од семките на пиперките нека ви останат, немојте да ги фрлате сите, повкусно е, така ме научи една моја баба Мара и во право е, нашата генетика за храната е почната со семки…

Овој пинџур можете да го подготвите во секое време како пресен, благодарение на смрзнувањето и доработката…
Погоден ви е ако се влече како конци !

На здравје нека ви е, со лебче и сиренце !

Рецепт на – Весна Рохр 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1