Уште една атракција во Скопје – Туристите ќе ги шетаат со електромобили


Претпријатието „Градски паркинг“ ќе набави 10 електромобили што ќе бидат наменети за странските туристи во Скопје, кои ќе може да ги изнајмуваат за разгледување на културните и историските знаменитости во градот. Вакви електромобили се практика во многу светски туристички дестинации. Директорот на претпријатието Борче Јакимовски вели дека бројот на туристи во Скопје од ден на ден се зголемува, па се наметнува потребата да се зголеми понудата на содржини и услуги за нив, пишува Дневник.

polnac za elektricni avtomobili– Поведени од согледувањата на Град Скопје дека бројот на туристи е с` поголем се појави потребата да им понудиме нешто повеќе, односно можност на едноставен и брз начин да ги разгледаат споменичните обележја – вели Борче Јакимовски.

Електромобилите ќе бидат опремени со информативна табла како туристички водичи и ГПС- уред за нивно следење.

– Тоа го правиме за да можат туристите во текот на еден ден, колку што се во градот, да изнајмат електромобил за да го разгледаат Скопје. Цената за изнајмување с` уште не е утврдена – вели Јакимовски.

Тендерот за набавка на електромобилите ќе се распише во август, а во инвестициската програма за претпријатието за таа намена се предвидени 6 милиони денари, односно 97.000 евра. Електромобилите работат на електрична енергија, со која се напојуваат преку батерија. Тоа се еколошки возила, кои одамна се користат за разгледување на знаменитости во светот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1