Македонија е грчка, но со бугарска историја?


Аргументот за грчка Македонија се црпи од историјата. Македонија нема друга историја, освен таа на Грците. Од друга страна, Бугарија зборува за бугарска историја на Македонија и за територија на која низ историјата не живеел македонски народ. Тогаш, од аспект на овие две држави, чија е Македонија? Грчка или бугарска? пишува Дневник.

karta makedonijaДодека на една страна ни говорат дека не треба да гледаме во минатото, на друга упорно се трудат дека имаат ексклузивно право врз историјата на Македонија, и патем, да потпишеме од име на добрососедството дека се согласуваме со тоа. – Историјата ја инструментализираат и двете страни, и Грција и Бугарија. Но поважно е што македонското прашања допрва ќе се отвора с` повеќе и повеќе. Не се само ставовите на Грција и на Бугарија, туку и дебатата за балканските војни.

Ова е коментарот на историчарот Никола Жежов по последната порака што ја испати грчкиот министер за Македонија и Тракија, Пиерија Теодорос Kараоглу, дека „Македонија е една и грчка, и ова јасно и гласно одекнува на секој дел од светот благодарение на трудот на македонската дијаспора“.

Грчката наспроти бугарската позиција

Историчарот Ванчо Георгиев вели дека и покрај тоа што станува збор за две различни причини зошто двете земји имаат несогласувања со Македонија, и се кочница за нашиот пат кон ЕУ, грчкото и бугарското присвојување на Македонија од кој било аспект, реално, не отсликува пријателство меѓу двете земји. Според него, намерите на Бугарија и на Грција се судираат, а пријателството што се промовира контра Македонија, е само затоа што двете се членки на Унијата.

Неговиот бугарски колега, Петар Емил Митев, смета дека тезите за „современа политичка географија по однос на ова прашање значат територијални претензии“, но ги оценува како смешни и апсурдни.

– Би било апсурдно да има конфликт на таква основа во 21 век меѓу две држави-членки на ЕУ. Во секој случај, Бугарија, повеќепати изјавила дека нема територијални претензии кон соседите воопшто. Позициите на бугарските и на грчките историчари и политичари во врска со минатото на Македонија се комплетно различни – вели Митев.

– Сега најбитно е наместо фиксации во историјата, да се постигне консензус за сегашноста, односно, да се постигне согласност дека на територијата на Република Македонија се формирала суверена држава, со свој јазик и национално самоопределување. Ова, се разбира, не треба да го прејудицира правото на кого и да било да се идентификува поинаку – како Бугарин или Грк – нагласува бугарскиот професор.

Повеќе на Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1