Има решение и за оние чии шефови им забрануваат Фејсбук на работа


 

Социјалната мрежа „Facebook“ станува се поважна во животот на голем број на луѓе. Многумина сакаат да имаат пристап на него и во работните часови.

Оние кои не им било дозволено од страна на нивниот шеф, сега имаат причина за радост. Доколку шефот не ви дозволува да го користите „Facebook“, а истовремено не е блокиран пристапот до сајтот, направена е програма со која профилот може да ви го прикаже во облик на Excel табела. Ова можеби звучи чудно, но во пракса е употребливо решение.
Доколку го посетите сајтот www.hardlywork.in и кликнете на “Gimme Dem Spreadsheet”, а потоа ги внесете вашите податоци, цел ваш „Facebook“ профил ќе се интегрира во Excel табела.

Ќе ви се појават новите известувања и информации за тоа што прават вашите пријатели, а покрај тоа можете да направите пребарување на кој било поим со пишување во полето за математички формули, кое се наоѓа над ознаката за зборови, во колоната, во табела (како на сликата).
Сепак нема да можете да гледате фотографии во оригинална големина, но ќе можете истите да ги видите во смалена верзија.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1