Не е важно колку години имате. Важно е да имате одлични идеи и да бидете амбициозни. Звучи необично, но на еден шестгодишник му се исполни желбата да работи .
Наместо да игра по цели денови и да го користи слободното време пред да тргне на училиште, шестгодишниот Сем Поинтон се одлучи на еден невообичаен чекор.
Момчето пратило рачно напишано писмо до Музејот на националната железница во Јорк, сакајќи да стане, ни помалку – ни повеќе, туку директор. Всушност, тој си смислил и работна позиција за себе –Директор за забава.
Сем го пратил писмото во кое бара да го повикаат на интервју за работа. Во писмото пишувало: „ Имам само шест години, но мислам дека можам да ја работам оваа работа. Дома имам електричен воз. Добар сум со електрични возови. Можам да контролирам два во исто време“.
Вработените во музејот биле толку импресионирани од потегот на Сем, што веднаш му понудиле хонорарна работа.
Неговата задача е да смисли, на кој начин, музејот би привлекол поголем број деца.