“Google“, “Facebook“ и “YouTube“ најпосетувани сајтови и оваа година


Постои ли некој сајт кој го вклучувате, веднаш штом ќе се конектирате на интернет и никогаш не го прескокувате?  Веројатно имате барем неколку милиони истомисленици за барем еден од нив.

Компанијата  “Alexa“ ги објави најпосетуваните сајтови во 2012-та година. Веб-статистиката се објавува на дневно ниво на “Alexa“, но читаноста на сајтовите се рангира врз основа на информациите  собрани во претходните три месеци.  Рангирањето се врши во три категории.

Првата категорија е според  процентот на интернет корисници кои посетуваат одреден сајт, втората  е според  процентот на прегледани страни во однос на глобалниот интернет сообраќај и третата категорија е според бројот на линкови кои еден сајт, ги испраќа кон други сајтови.

“Google“,“ Facebook“ , “YouTube“ и “Yahoo“ се четирите најпопуларни сајтови и ги држат истите позиции како и минатата година. “Twitter“ скокна за девет места, а “Amazon“ падна за пет.

 Погледнете ја листата на 10-те најпосетувани сајтови во светот:

-Google

-Facebook

-YouTube

-Yahoo

-Baidu

-Wikipedia

-Windows Live

-Twitter

-QQ

-Amazon

Share Button

Tags: , , , ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1