Има се – може се: Еве колку Цеца ќе заработи летово – и хонорарот од Охрид е во овие пари


За српската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ оваа лето ќе биде бериќетно, и според неофицијалните информации, веќе заработила 150.000 евра, а од наредните настапи ќе инкасира уште 100.000 евра!

ceca2-620x400– На висината на хонорарот најмногу влијае дали пејачот има хит, колку публика прима дискотеката во која настапува и каде се наоѓа, бидејќи не е истата тарифа за настап во среда во Ниш, и на пример, во петок во Цирих. Цеца е најплатената пејачка на овие простори. Таа не настапува секој викенд и не пее под шатори и на приватни прослави, но затоа за еден настап на плоштад или во дискотека треба да се издвојат 25.000 евра.

Така Цеца за шест настапи заработила околу 150.000 евра, а до крајот на сезоната ја очекуваат уште четири големи концерти, после кои ќе биде побогата за уште 100.000 евра – вели извор од менаџерските кругови, пишува српски „Телграф“.

Од почетокот на летото Цеца пеела во Марибор, Охрид, Нови Сад, Бар, Будва и Модричи, на 7 август ќе настапува на Саборот во Гуча, а после тоа ја очекуваат настапи во Будва, Копар и Сараево.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1