Имам сателитска снимка доказ дека авионот на Трајковски е срушен со ракета – тврди Панчевски


Адвокатот Игњат Панчевски тврди дека поседува сателитска видео снимка на која се гледа како од воен авион со ознаки на позната држава стрела со ракета во авионот на претседателот Трајковски.

Тој вели дека оваа снимка е цврст доказ и потврда на атентатот врз претседателот Борис Трајковски и неговиот екипаж, но снимката не ја покажува, јави Канал 5.

-Странски тајни служби го снимале целито лет. Врските на авионот со контролата на летање биле прекинати, а намерно навигацијата била превземена од воено возило кое кингерот го наведувал на линија со воен авион. Во Македонија се доставени видео записи од тоа како воен авион со ракета го погодил крилото на кингерот иако е гаѓано во телото на авионот, истовремено кингерот како паѓа на земја, вели адвокатот Панчевски.

Адвокатот вели дека на тие снимки се гледаат и воени возила со многу војници кои по падот на кингерот кај Мостар стигнале на местото за да проверат што се случило.

Панчевски вели дека снимката ќе ја презентира во јавност, а досега не го правел тоа за да не ја изгуби веродостојноста на доказот..

Македонија формираше стручна комисија која по две години работа изготви извештај за падот на кингерот и го достави до босанските власти од кои се бара отворање на нова истрага поради нови докази посочени во тој извештај.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1