Едвард Сноуден кој е познат по тоа што работел во Националната служба за безбедност (NSA), а потоа објавил над илјадници тајни документи на NSA, смета дека Епловите Ајфони поседуваат „специјален софтвер“ кој властите може да го активираат и прикријат информации за корисникот.
„Едвард не користи Ајфон туку обичен телефон“, рекол адвокатотна Сноуден, Анатолиј Кучерен во интервју за руската медиумска компанија РИА Новости.
„Ајфонот поседува специјален софтвер кој може да се активира без да притисне корисникот ниту едно копче, а кој може да собира информации за корисникот. Затоа Сноуден одбива да користи ваков телефон“, додал Кучерен.
Не е разјаснето дали „специјалниот софтвер“ кој се споменува во интервјуто е дел од стандардните дијагностички алати или Сноуден смета дека разузнавачките служби на САД пронашле начин да се инфилтрираат во мобилниот оперативен систем кој го произведува Епл.
Епл беше меѓу првите компании кои се обвинети за учествување во PRISM проектот на собирање на податоци за кои е одговрона NSA, што е утврдено врз основа на тајните документи на агенцијата која ја објкавил Сноуден. Во текот на проектот се украдени снимки, слики, документи, имејлови, и записи на разговори од уредот, кои им овозможиле на аналитичарите да го следат движењето на корисникот, уредот и комуникацијата.
Епл своевремено ги негирал сите обвинувања, наведувајќи дека компанијата не е вмешана во таканаречениот PRISM проект и дека не им овозможува на владините агенции пристап до серверите на компанијата.
Документите кои потоа се развиле, покажале дека NSA развила софтвер за шпијунирање кој ги напаѓа Ајфон телефоните, овозможувајќи им на разузнавачките служби пристап до пораките, податоците за уредот и локацијата на уредот. Иако не е разјаснето дали проектот бил успешен, Епл повторно негирал дека е вмешан во равојот на таквиот софтвер.
Во Епл рекле дека компанијата никогаш не била во контакт со NSA ниту креирала било каков софтвер за шпијунирање за таа разузнавачка служба. Тие исто така наведуваат дека не се свесни за никакви програми на NSA кои ги напаѓаат производите како Ајфон, бидејќи компанијата води сметка за безбедноста и приватноста на своите корисници.
Компанијата за најновиот iOS 8 оперативен систем рекла дека дурни ни самиот ЕПЛ не може да ги дешифрира пораките кои се праќаат по пат на уредот.