Дин Мир е роден на планините на северот на Кашмир, се женел пет пати, прв пат во 1890 година.
Моментално е во брак со својата петта жена, која, ако се неговите тврдења во однос на датумот на неговото раѓање точни, е помлада од него 60 години.
Дин Мир се’ уште се движи самостојно.
Исто така, иако видот му е ослабен и забавено зборува, тој се’ уште ги препознава членовите на своето семејство.
„Во текот на животот видев и доживеав сешто. Животот некогаш беше многу поедноставен. Кога немаше електрична енергија и друг комфор се’ беше многу полесно и попросто.
Како што стануваа условите за живот полесни, луѓето се отуѓија и се’ потешко им е да живеат еден со друг“ – раскажува потенцијално најстариот човек на светот.
Претставниците од Гинисовата книга на рекорди најавиле дека ќе ги проверат тврдењата на Индиецот, а доколку неговите тврдења се испостават како вистинити, Дин Мир ќе биде прогласен за најстарата личност на светот бидејќи е дури 26 години постар од Јапонката Мисао Окаве, која моментално ја држи титулата со својата 115-годишна возраст.