Индиецот Рој ја купи Славија за 5 милони евра


Фактор ексклузивно дознава дека бизнисменот Субрата Рој за хотелот Славија платил нешто помалку од 5 милиони евра.

subarta2Информацијата била потврдена и од досегашниот сопственик на хотелот.

Рој го купи хотелот Славија каде што ќе се сместат архитектите и сите инженери кои веќе за половина месец треба да дојдат во Охрид за да ги почнат подготовките за реализација на проектот „Сахаријан Македонија“.

Индискиот биснисмен ќе ја посети локацијата во Љубаниште со површина од околу 240 хектари, каде што треба да се изгради специфичен пловечки хотел со казино, пристаниште, голф терен на многу високо ниво, спа центар, вили кои ќе можат да се купат, хотели, конференциски сали, шопинг центри…

Фактор

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1