Илјадници луѓе излегоа на улиците во Њу Делхи, откако беше кремирано телото на студентката што почина по бруталното групно силување во автобус пред две недели.
Земјата не ја прослави новата година во знак на почит и жал за загубениот живот. Наместо огномет и петарди граѓаните собрани на плоштадите палеа свеќи. Новогодишните прослави беа сведени на минимум. Армијата ги откажала сите официјални прослави во земјата. Хотелите, фирмите и познатите личности, или целосно ги откажаа своите прослави или ги сведоа на минимум. Прва објави дека нема да слави претседателката на владеачката партија Соња Ганди која ги повика и останатите да го сторат истото.
Не славеше ниту Венецуела поради влошеното здравје на претседателот Уго Чавез. Улиците се празни а на насловните на медиумите е веста дека состојбата на претседателот по операцијата на Куба е влошена и има тешка респираторна инфекција.