Интернет банкарство – отворете очи – еве на што мора да внимавате


Користењето на интернет банкарството, на многумина им заштедило време, но мора да се напомене дека и оваа услуга, како и кај голем број на други, кој што се нудат преку интернет, постојат недостатоци кои дефинитивно не треба да се игнорираат.

60770128-internet-bankarstvo-racunalo-karticaПоради зголемувањето на попуаризацијата на интернетот, банките секогаш ќе ја истакнуваат предноста на услугите кои што ги овозможува интернет банкарството. А навистина ги има многу.
Предностите на интернет банкарството се пристапот на сметките во период од 24 часа деноноќно, седум дена во неделата.

Имате побрзи и поефикасни трансакции, намалување на трошоците и документацијата во преписките со банките, ефективната и побрзата комуникација со банките.
На годишно ниво на баалканот бројот на интернет корисниците на банкарството се зголемува за 20%.
Интернет банкарствто им овозможува на граѓаните да управуваат со своите финансии независно од тоа каде се наоѓаат, користејќи комјутер со пристап до интернет.

Може да се изврши детален преглед на сметките и орочените депозити, специјални задачи, издавање на еднократна и договарање на трајни налози. За да можат да планираат и да ги контролираат трошоците, на клиентите им се достапни информации за состојбата и долговите за кредитите и кредитните картички.

Hand giving Euro banknotes moneyИсто така интернет банкарството, нуди значителни заштеди во пари во форма на пониски трошоци за спроведени плаќања. Со оглед на времето во кое сите се ориентирани кон зголемените заштеди, секогаш кога е можно, онлајн банкарството се повеќе добива на значење и привлекува се поголем број на корисници.

Унапредување на интернет бакарството

„Банките активно работат на развој на интернет банкарството и останатите модерни интернет и мобилни услуги кои ги бараат клиентите. Поради ендоставноста, брзината и мобилните услуги, банките евидентно го зголемуваат користењето на услугите.
Со користењето на интернет банкарството на едно место, имате целосна контрола на сите сметки ( за струја, вода, девизи и заштеди) и трансакции, и секогаш моежете да го знаете статусот на сметките и не морате повеќе да одите во банка или пошта и да чекате во долгите редици, за да ги пдомирите истите. Сето тоа може да го направите удобно од вашиот дом, работно место или на друго место кај што имате пристап до интернет.

Сајбер криминалците се осетливи, како да се заштитите?

Кои се механизмите за заштита, кои се користат за нашите финансиски податоци да не се злоупотребат? За интернет банкарството да биде што е можно посигурно, банките обично на корисниците им обезбедуваат лозинки преку кои клиентите влегуваат, односно лозинка која е потребна за да се запише паричната трансакција.

haker_2342Различниот тип на сигурност при работата со тек е се на повисоко ниво, но корисниците секогаш мораат да бидат внимателни, да внимаваат на некои основни елементи, како што е чувањето на лозинката (да не ја даваат или позајмуваат на никого) Никогаш не ја оставајте таа да биде запамтена во самиот комјутер.
Хакерите и сајбер криминалците користат голем број на напредни малциозни прорами преку кои ги напаѓаат компјутерите и така се обидуваат да ги пробијат корисничките сметки, или преку измама доаѓаат до лични информации и броеви на сметки, кои потоа ќе ги искористат за да дојдат до сметките и да украдат пари од нив.
Сигурно сте слушнале за таканаречени „Phising“ измамници кои на корисниците им испраќаат мејл за кој се чини дека е службен од банките, со порака како за одредена причина (често се посочува на сигурноста, блокадата на комјутерот и сл) за потоа корисникот да мора да ги запише своите основни податоци, бројот на комјутерот, пинот или нешто слично на интернет страницата на банките. Обично и праќаат линк од некоја страна.

pig-bank-robbery-of-america550Кога корисниците ќе стиснат на линкот, се чини дека навистина станува збор за страница на банка, но тоа е лажна страница која ја создале измамници и кога корисникот ќе ги запише своите податоци, тој буквално им ги предава своите информации кои тие подоцна можат да ги искористат за испразнување на банкарските сметки, за кражба на идентитетот и потоа можат да ги продадат на интернет.
Сајбер криминалците до податоците на корисниците можат да дојдат преку користењето на тројанци и „keyloggers“ – алатки кои пратат се што корисниците впишуваат при титкањето и на тој начин можат да го дознаат името, лозинката, пиновите и голем број на други информации на клиентите.

Кога измамите се успешни?

Појаснувањето дека ваквите измами се успешни, е кога се користат картички за чие користење и плаќање, по пат на интернет, е доволно да се запишат само податоците како што се бројот на картичката и пинот, односно шифрата.
Користењето на лозинката е далеку посигурно, затоа што за пристап на комјутерот потребна е лозинка (за чие активирање и користење е потребен ПИН кој е познат само на корисникот), односно бројот кој го генерира Пинот, а за птовторно извршување на трансакцијата, потребно е да го запишете новиот број со лозинка. (Секогаш чувајте ја лозинката на сигурно)

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1