Интернетот ќе исчезне во наредните години


Интернетот ќе исчезне во наредните години, смета Ерик Шмит, еден од директорите на Google.

webfuture

– Ќе ви кажам едноставно: интернетот ќе исчезне. Ќе има толку ИП адреси, толку уреди, сензори, работи што ќе ги носите, предмети со кои ќе бидете во интеракција, што тоа воопшто нема да го забележите. Ќе биде дел од вашата стварност цело време. Замислете одите низ просторија, а таа е динамична. А вие, со ваша дозвола, сте во интеракција со предметите во собата. Се раѓа многу персонализиран, многу интерактивен и многу, многу интересен свет – вели Шмит, запрашан на конференцијата во Швајцарија што мисли за иднината на вебот, пренесува Hollywood Reporter.

Предавањето на кое Шмит учествуваше беше наречено „Иднината на дигиталната економија“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1