Драган Гага Николиќ беше погребан вчера во 15 часот во Алејата на заслужните граѓани на Новите Гробишта во Белград, а во вечниот дом го испратиле повеќе од илјада луѓе.
Помеѓу нив се нашол и рапереот Иван Ивановиќ Џус во видно алкохолизирана состојба и предизвикал инцидент поради кој морала да реагира полицијата.
Имено, Џус очигледно не знае за срам па во таков тажен момент се појавил несоодветно облечен и почнал да ги навредува присутните.
-Што е морони, сте дошле тука да позирате. Баш убаво сте се дотерале да ве фотографираат за весниците – без грам срам викал раперот по што му пришол полицаец и го замолил да го намали тонот за да не го приведе.
По заканата од полицаецот, Џус прекинал со викањето, но од шишето со алкохол не се делел.